Српскиот претседател Александар Вучиќ им честиташе на сите граѓани на нашата држава за вчерашната голема победа над Грузија со 1:0. Со оваа победа Македонија за првпат ќе се натпреварува во Европското првенство.
– На сите граѓани на Северна Македонија им честитам на историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, ќе бидеме со вас цело време- напиша Вучиќ на својот Фејсбук.
Инаку синоќа српската фудбалска репрезентација не успеа да се пласира на ЕП, губејќи од Шкотска во рулет пенал серијата.