Темен режим Режим на светлина

Вучиќ понуди да ни испрати хеликоптери за гаснење на пожарите

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да ги испрати своите хеликоптери за гасење пожари доколку Скопје процени дека тоа е потребно, што и се предвидува во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Вучиќ изјавил дека не го интересира што мислат поединци на Запад за таа иницијатива, ако таа е добра за Србија, Северна Македонија и за Албанија.

-Доколку има потреба да се помогне во гасењето на пожарите, ние веќе донесовме одлука и се согласивме да ги испратиме нашите хеликоптери, бидејќи можат да носат 1 200 литри вода. Се надевам дека сега ситуацијата е многу подобра ,изјави Вучиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

За 24 часа во кумановско имало 9 пожари

Следна објава

Ако не ја одложи пандемијата, наставничкиот пленум ќе ја бојкотира наставата во септември