Вучиќ: Можеме да им помогнеме на Македонија и Албанија со храна и струја доколку се продлабочи кризата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа истакна дека во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ секој може секому да помогне и дека тоа е многу важно, особено во услови на криза.

-Можеме да им помогнеме на сите со гас, во одредени денови со струја во Северна Македонија, едни со други можеме да си помагаме со храна, одговори Вучиќ на прашањето кој кому може да помогне во рамките на „Отворен Балкан“ доколку дојде до подлабока криза.

Тој објасни дека секоја од државите може да помогне во одреден период.

-Да речеме дека има денови кога хидролошката состојба е подобра, па Албанија може да ѝ помогне на Северна Македонија со струја, па и на Србија, обратно – Србија може да им помогне, рече српскиот претседател.

Вучиќ истакна дека „тоа се важни работи“ и додаде дека Србија платила и два руски противпожарни хеликоптери кои носат кофа од 5000 литри и ќе можат да им помогнат на сите. На прашањето како ќе пристигнат тие летала, Вучиќ рече дека ќе пристигнат нормално, бидејќи тоа не е оружје што некој би го забранил.

Претходна вестСали за случајот со „Жан Митрев“: Поединечно ќе се анализираат 560 предмети на пациенти кои биле третирани со хемофилтрација
Следна вестПарното поскапува за 14,18 проценти