Сите луѓе кои поседуваат оружје, во Србија а тоа е околу 400.000 луѓе, ќе подлежат на ревизија и нема да останат повеќе од 30 до 40 илјади. Ова е една од мерките која ја најави српскиот претседател по двата масакри кои се случија во Србија. Освен ова Вучиќ најави дека во секое училиште ќе има полицаец, а затоа, се примаат нови 1.000 лица.
– Денеска ќе констатираме дека МУП итно подготвува измени на законот за оружје и муниција со кои би се заострија условите за носење кратко оружје. Сите луѓе кои поседуваат оружје, а тоа е околу 400.000 луѓе, ќе подлежат на ревизија и нема да останат повеќе од 30 до 40 илјади. Ќе го поминеме разоружувањето на државата. Ќе ги заостриме и казните за недозволено поседување. Па да видиме од кого го добиле тоа оружје, изјави Вучиќ
Законските измени предвидуваат и 15 години затвор за поседување нелегално оружје.
– Се наредува МВР да ги преземе сите мерки за повикување лица кои нелегално поседуваат оружје. Доколку не го предадат во следниот месец, ќе го најдеме и ќе бидат строго казнети. Ќе има и повисоки казни за оние кои менуваат оружје (како калашникови) до 12 години (пред тоа беше осум години). Оние кои преработуваат експлозивни направи се осудени на затворска казна до 15 години. Тој што носи оружје за кое нема дозвола се казнува до 15 години, рече Вучиќ.
Освен ова мерка Вучиќ најави и нова мерка, а тоа е прием на 1.200 полицајци кои ќе бидат во училиштата со цел да спречат вакви нови инциденти, но и да го сопрат врсничкото насилство.
– Досега нашите полициски службеници имаа обврска, пред почетокот на наставата и по крајот, да проверат што се случува во училиштата. Се примаат нови 1.200 полицајци кои ќе бидат во училиштата. Ќе пуштиме над 1.000 полицајци, за да поминуваат време во училиштата, за да покрај обезбедувањето, да има и по еден полицец во училиштата. Со тоа не само што ќе ја подигнеме сигурноста, туку ќе го намалиме врсничкото насилство, што е голема работа. Тие кои ги тепаат послабите од себе, секогаш се плашат од појаките а државата е најсилна, истакна Вучиќ.
Рокот за предавање на оружјето ќе биде месец дена.