Вучиќ: „Петорката“ ми рече прифатете го планот или соочете се со последиците

– Дојде „западната петорка“, во втората реченица што ми беше соопштена, беше речено – треба да го прифатите овој (француско-германски) план, а ако не го прифатите, ќе се соочите со последиците, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на вечерашната прес-конференцијата на која сподели детали со јавноста од средбата со европските претставници во петокот, јави Н1.

Како што рече Вучиќ, му било порачано дека планот мора да биде прифатен.

– Ќе се соочите, под еден, со прекин на евроинтегративниот процес, под два ќе се соочите со запирање и повлекување на инвестициите, под три – сеопфатни мерки во политичка и економска смисла што ќе ѝ наштетат на Србија. Ова ми беше повторено уште три пати во текот на разговорот и секој пат жестоко реагирав на тоа, изјави Вучиќ.

Тој рече и дека смета дека замрзнатиот конфликт е најлошото решение и дека треба да се бара компромис.

– Важно е да работиме на компромисно решение, не верувам дека тоа е можно со режимот на Курти, мора да бараме решение бидејќи ни треба мир со Албанците, посочи Вучиќ.

Тој наведе дека европските претставници дошле со план „кој првпат го видовме пред 60 дена, во чие креирање ниту учествувавме, ниту некој не прашал или консултирал“.

– Дојдоа да ни го претстават нивниот план, без никаква вина на Србија, никому ништо не направивме, ниту еден Албанец не беше застрелан, ништо не направивме, дојдоа и ни го покажаа планот, а потоа на 13 декември сите земји-членки го прифатија планот и петте непризнавачи на Косово, бидејќи им објаснија дека во планот нема експлицитно признавање на независноста на Косово, иако го прикриваа фактот дека постои имплицитна обврска да не се спротивставуваме на влезот на Косово во ОН. Сите тие го прифатија, со што тој план стана де факто нова преговарачка рамка за Србија. За нас нема напредок ако не работиме, ниту во Европа, ниту пак е можно нешто да се направи ако не соработуваме, додаде Вучиќ.

Претходно на седница на Владата на која се разговарало за решавање на проблемот со Косово, ги информирал министрите за ставот на официјален Белград за прашањето за Косово.

 

Претходна вестНапаѓач уби седум лица на две фарми во Калифорнија
Следна вестПомалите коалициони партнери повеќе сркаа или пак сечеа на работната вечера кај Ковачевски?