За 20 илјади запленети производи годинава е утврдено дека се фалсификати

69

За над шест илјади парчиња парфеми, пет илјади чифта обувки, пет илјади парчиња облека, но и други производи што Царинската управа ги заплени годинава е утврдено дека се фалсификат.

Станува збор за вкупно 20 илјади производи со потпис за вкупно 57 заштитени трговски марки. Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава за неполни пет месеци открија 51 случај на повреда на право од интелектуална сопственост од кои во 19 случаи веќе е утврдено дека станува збор за фалсификати коишто требало да се продаваат на македонскиот пазар.

-Напорите во борбата против трговија со фалсификувана стока се препознаени и од страна на застапниците на брендовите, како и од РЕАКТ Балкан – Глобална организација за борба против фалсификувањето. По тој повод на царинарниците, Секторот за контрола и истраги и на Секторот за акцизи, од страна на Глобалната организација им беа доделени благодарници за исклучителен придонес во борбата против трговија со фалсификувана стока, информираа од Царинската управа.

Директорот Бобан Николовски заедно со својот тим одржа состанок со Катерина Хаџистојанова, менаџер на РЕАКТ Балкан, како и со застапниците на брендовите сè со цел унапредување и забрзување на постапките за утврдување на оригиналноста на производите. На состанокот воедно се дискутираше и за потребата од уништување на стоката за којашто е потврдено дека е фалсификат во најкраток можен рок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите
Следна вестСредба на Сиљановска-Давкова со Папата Лав XIV: Заеднички заложби за мир