За 30 евра купуваат лажен негативен ПЦР- тест и ризикуваат да завршат во полиција

Полициски службеници на аеродромот во Скопје синоќа привеле четири лица со место на живеење во Швајцарија бидејќи се обиделе да заминат од земјата со лажни ПЦР- тестови.

Се работи за лица од Куманово и од Босна и Херцеговина кои имаат престој во Швајцарија и две лица од Швајцарија кои при излез од државата приложиле негативни ПЦР тестови за кои е утврдено дека се фалсификат.

Од разговорот со нив, полицијата открила дека ги набавиле преку пријател за 30 евра по тест. Лицата се задржани за понатамошна постапка.

Цената на еден ПЦР тест се движи од 1.860 денари во државните лаборатории (за оние за кои не се бесплатни) до 3.500 до 4.000 денари во некои приватни лаборатории. Не е јасно зошто некој за ваква цена од 30 евра која воопшто не е ниска, би ризикувал да заврши во полиција и да добие казна.

Инаку, ова не е прв случај да бидат откриени наши лица кои сакаат со фалсификат ПЦР тестови да преминат граница. Досега имаше случаи на наши државјани кои беа фатени при влез во Бугарија, а досега најневеројаниот ваков случај беше кога агенција за цел автобус патници набавила вакви лажни тестови за да патуваат во Бугарија.

Претходна вестЗаев: Нема политички договор за бегството на Мијалков, најавувам одговорност
Следна вестДневна статистика од Скопје: 10 нови пациенти во ковид-центрите за 24 часа