За 6 часа казнети 214 моторџии

Значаен дел од моторџиите во Македонија не ги почитуваат сообраѓајните правила. Полицијата во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спровела акциска контрола за да ги смири таквите учесници во сообраќајот.

На територијата на целата држава биле санкционирани 214 возачи на мотоцикли. Од нив, 128 лица не користеле заштитна кацига за време на возење, 39 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…

Ќе успее ли полицијата да ги скроти збеснатите моторџии?

Претходна вестЌе остане ли реформата на Царовска жилава, а наставата килава?
Следна вестНа Табановце запленeти 13,3 килограми злато со вредност од над 600.000 евра