За брзо возење на територија на Македонија казнети 135 возачи

Вкупно 135 возачи вчера биле казнети од страна на полицијата поради пребрзото возење, соопшти денеска МВР.

Во извештајот за вчерашните полициски контроли на соорбаќајниците во земјава се наведува дека од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-При тоа 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 75 надвор од населено место, соопшти МВР.

Истовремено, на скопското подрачје вчера се изречени 141 мерка.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за непрописно престигнување…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестСончево со умерена облачност и ветер
Следна вестПотсетување: Холандскиот премиер ни кажа дека Бугарија не e оставена да прави што сака