За да добијат работа Македонец се пријавил и како Ром и Турчин, а Албанец како Турчин

Лажни изјави за национална припадност поднеле двајца кандидати на огласот за вработување на државната Комисија за спречување на корупцијата. Антикорупционерите денеска ги обзнанија случаевите во кои овие кандидати конкурирале за повеќе работни позиции но со различни изјави за национална припадност.

-Еден кандидат аплицира на пет работни места и на три работни места во истиот оглас се изјаснува различно, онака како што се бара во огласот. Еднаш македонец, па Албанец, па Ром. Другиот кандидат, се изјаснува како Турчин. По проверка на сите податоци, произлегува дека тие се актуелно вработени во јавниот сектор и веќе еднаш се изјасниле за својата етничка припадност,  едниот како Македонец, другиот како Албанец, изјави Нури Бајрами, член на ДКСК.

-Ова е очигледна злоупотреба на уставно загарантираното право на етничка припадност и на алатка за соодветна и правична застапеност на етничките зедници во администрацијата, вели Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

На огласот за советник за информатика технологија победил Албанец кој се пишал како Турчин, додека Македонец кој се пријавил како Ром и Турчин бил најдобро рангиран на позиција советник за спречување на корупција како кандидат со ромска националност. Во Антикорупциска одлучиле да не ги вработат овие кандидати но тие два пати се жалееле  во Агенцијата за адимнистрација која ги прифакала нивните аргументи. Вториот пат била поништена одлуката на антикорупциска и сега  ДКСК нема избор освен да им им ги отворат вратите и да станат нивни колеги .

-Јавно го прозивам директорот на Агенција за државни службеници јавно да излезе и каже, бидејќи имаме слушнато за вакви злоупотреби, но, ако знае повеќе, добро би било да ги каже јавно, за да се освести и политиката и сите носители на јавни функции, дека ги тераме луѓето да се понижуваат и да лажат за вработување, изјави Бајрами.

Претходна вестАнтикорупциска комисија: Не добивме одговор на прашањето дали хирург за возрасни може да оперира деца под една година
Следна вестСе празнува света великомаченичка Марина, во народот познатa како Огнена Марија