За домаќинот зборува (не)уредениот двор, за Скопје – коритото на Вардар

Колумна на Наум Попески:

Веќе подолго време, коритото на Вардар од двете страни на Камениот мост е неуредено и дава грда слика на тој дел од нашиот главен град. А тука минуваат сите што доаѓаат во Скопје, домашни и странски посетители на нашата македонскоа метрополаТоа е центарот на градот, непосредно до главниот плоштад, локација која е најферквентна со минувачи. А што можат да видат тие?

Купишта песок, разни други отпадоци носени од водата, кои заглавуваат тука. Се трупат, откако се „испратени“ од бројните депонии кои се прават покрај реката по нејзиното течение од изворот па до влезот во Скопје. Што се не се натрупува, пластични шишиња, кеси, штици, автомобилски гуми… А по Камениот мост минуваат илјадници добронамерници кои, сакале намерно или не, со камери и фотоапарати забележуваат како неубаво ни изгледа коритото на реката која ни е македонски симбол и тие фотографии ги носат дома кај нив. Па ги покажуваат на роднините, на пријателите и, по правило, сето тоа за вршува на социјалните мрежи каде ги гледаат илјадниците луѓе. Лоша промовија во секој случај.

Други светски метрополи се гордеат со своите реки по кои пловат и соодветни бродчиња  со туристи. Кај нас, ете, пловат гранки од дрвја, разни други отпадоци, кои зборуваат за грижата на надлежните не само за убавината туку и за екологијата и се што е поврзано со тоа. Од друга страна, тоа е и ,,амбиент“ во непосредна близина на значајните објекти покрај Вардар какви што се МНР, Археолошкиот музеј… кои се посетувани од значајни донашни и странски личности. Значи, потребно е да се среди коритото на Вардар, и то итно. Сега веќе се направи и пешачкиот мост кој требаше да послужи како панорамско тркало. На ред сега е отстранувањето на галиите но и тоа не треба да е пречка за средувањето на коритото.

 Ова дотолку повеќе, што за да се воведе во ред оваа неубава слика во центарот на градот, не се потребни речиси никакви средатца, туку само добра желба и нешто механизација. Вардар како што знаемне, е плитка река и дава можности да се уреди онака како што доликува.

Потребно е стручните лица во Градот Скопје, да подготват проект според примерот на многу други европски градови и да го спроведат во дело. Оти и наштои народ одамна си кажал: За домаќинот на куќата, зборува и (не) уреденоста на дворот!

Претходна вестХоспитализирани се вкупно 592 лица поради компликации со вирусот во Македонија
Следна вестВакцинацијата мора да биде имуна на скандали од типот „преку ред“, „за блиски“…