За домашните миленици да има изменет полициски час, бара „Анима Мунди“

Активисти за заштита на животни се растрчани, бараат да биде дозволено да можат милениците да ги прошетаат надвор и по 21 часот, поради физиолошки потреби на животните. Имено, здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара допрецизирање на отстапката во рамки на изречената Забрана за движење.

– Многу повозрасни граѓани, кои неретко живеат сами, имаат миленици, кои поради извршување на физиолошки потреби мора да бидат прошетани неколку пати во текот на денот, не само наутро, а некогаш и подоцна од 21 часот, велат од „Анима мунди“.

Од здружението информираат дека нивното барање е доставено до Владата и директно до министерот за здравство Венко Филипче, но се уште не добиле одговор.

Тие појаснуваат дека со забраната за движење се засегнати минимум 80 илјади сопственици на миленици во Македонија кои немаат начин да го изнесат својот миленик ниту по 10 минути по временски период од 21 часа, што, пак, е неопходно тие да ги извршат физиолошки потреби.

Воедно од здружението бараат јавно да биде соопштено од министерот за здравство, Венко Филипче, дека милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат корона вирусот (Ковид -19), како што соопштувала Светската здравствена организација, со цел да се избегне создавање паника.