За два месеци има над 40 илјади заразени со ковид, 10 илјади се вакцинирани со две дози

Во периодот од 6 август до 14 октомври од 40.208 граѓани што биле позитивни на ковид, 30.142, односно 74,9 отсто, не биле вакцинирани, а 25 отсто, односно 10.066, биле целосно вакцинирани, покажува анализата на Министерството за здравство.

Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 79 отсто, додека 21 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани… За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

И смртноста кај невакцинираните е поголема. Во истиот период на територија на државата починале 1.382 пациенти со ковид-19, од кои 1.149 односно 83 отсто не биле вакцинирани, а 17отсто односно 233 примиле вакцина.

Според ИЈЗ, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има на располагање кај нас.

Претходна вестГлумат загриженост, а всушност мислат само на својот интерес
Следна вестБанкарската гаранција од 100 илјади евра за неизградените Шпански скали отде во каса на Центар