За еден ден казнети 156 возачи во Скопје, најмногу за брзо возење

Низ скопските улици во текот на вчерашниот ден, при сообраќајна контрола се забележани голем број на прекршоци. Полицијата санкционираше 156 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 7 мерки за користење мобилен телефон при возење, 9 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 5 санкции за возач почетник…, се вели во соопштението на полицијата.

Оттаму предупредуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестОблачно со сончеви периоди, во јужните делови дожд
Следна вест„Непослушниот“ и невакциниран Ѓоковиќ не го пуштаат во САД да игра тенис