За „Фридом хаус“ Македонија е делумно слободна земја, корупцијата е сериозен проблем

Македонија е и натаму во група на „делумно слободни земји“ покажува најновиот годишен извештај на меѓународната организација „Фридом хаус“ насловен како „Слободата во светот 2021 година: Демократијата под опсада“. Нашата земја остана во оваа група на земји и покрај порастот од три поени во однос на претходниот извештај. Годинашната оценка за државата е 66 од можни сто поени.

Во истата група со Македонија меѓу другите се и: Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина. Од регионот во групата слободни земји се најдоа Бугарија, Хрватска и Романија.

Напредокот од некој поен е во делот за изборите, за формирањето на владата и за, како што се истакнува, намалените опструкции во работењето на парламентот.

За состојбата со корупцијата, земјата е оценета со двојка (од максимални четири поени). 

-Kорупцијата и натаму е сериозен проблем, има широко распространета неказнивост на корумпирани владини службеници, вклучително и членови на парламентот и судството, се наведува во извештајот.

Останува загриженоста и за ефикасноста и независноста на судството, кое е оценето со два поени, од можни четири. Се вели дека во судството не се спроведени сите реформи ветени од владата. Се додава и дека и покрај пофалбите од ЕУ за стабилниот напредок во реформите, продолжува да се појавува сериозна корупција и скандали во јавните набавки. Останува загриженоста и за ефикасноста и независноста на судството, кое е оценето со два поени, од можни четири. Се вели дека во судството не се спроведени сите реформи ветени од владата.

Состојбата со слободата на медиумите е оценета со три поени, од можни четири. За новинарите се вели дека и натаму се изложени на политички притисок и вознемирување, како и дека и сè уште има пријави за физички напади врз нив.

Претходна вестЌе се вразумат ли: Полицијата казни 30 пешаци во Скопје
Следна вестРусија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози вакцина