Случајот „Јавна соба 2“, кој се појави во јавноста на почетокот на годинава се уште е во фаза на предистражна постапка и до овој момент од социјалната мрежа „Телеграм“ не е добиен одговор на барањето упатено на 27 јануари за профилите на податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата.
Но, во меѓувреме, оформени се предмети во Велес, Битола, Прилеп и Кавадарци.
Во Велес донесена е наредба за истрага против едно лице поради сомнение дека го сторило кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија“, во чиј мобилен телефон, при вештачењето се пронајдени видеозаписи со детска порнографија.
Битолското основно јавно обвинителството има издадено наредби за вештачење на ЦД и на мобилен телефон во насока на прибирање материјални докази, а во Прилеп од пријавеното лице се одземени два мобилни телефона и издадена е наредба за нивно вештачење.
Во Кавадарци во тек е прибирање на материјали докази, за кои обвинителството во моментов не е во можност да сподели детали.
Паралелно со ова, побарани се податоци од Обединетото кралство, бидејќи тие се потребни да се утврди идентитетот на лицата инволвирани во оваа група за да може да се гонат.
„Држава што не постапува е држава што силува“, под ова мото денеска група граѓани излезе на петтиот протестен марш инициран од случајот на злоупотреба на лични податоци и фотографии на жени, девојки и малолетнички во оваа група на Телеграм, а денешен повод беше Мешународниот ден на жената 8 Март.
Маршот започна пред МВР, од каде беше упатена порака во име на понижените, малтеритираните, застражуваните, прогонуваните, тепаните и убиените, жени и девојки.
-Денес ја изрекуваме следнава пресуда: виновни се за соучество во злосторство сите кои имаат моќ, ресурси и одговорност да обезбедат достоинство, правда безбедност и заштита на личната сигурност и животот на жените и девојките, а не го прават тоа, сите кои се овластени да ги откриваат, спречат, гонат и затвараат насилниците, а не го прават тоа, сите кои се овластени должни и платени да обезбедат услуги и поддршка на жртвите да превземат контрола врз сопствените животи, а не го прават тоа сите кои помогнале во опстојување на криминалот и предизвикале штета свесно или несвесно со сторување или несторување, а не смееле да го направат тоа, порачаа организаторите.
Досега во јавноста се познати два случаи „Јавна соба“, една од гдинава и една од лани, за кој по една година истрага, има обвинение за две лица за производство и дистрибуција на детска порнографија.