За кружниот тек во К. Вода уште не е поминат ланскиот септември

Минувачите и возачите и натаму голтаат многу прашина кога поминуваат на она што треба да претставува кружниот тек на просторот на поранешната последна постојка на автобусот број „24“ во Кисела Вода. Причина е едноставна: новата сообраќајна клучка која што почна да се гради пред две и пол години се уште не е завршена. И што е уште позагрижувачки се уште не се знае кога ќе биде дефинитивно готова за да го олесни мошне прометниот сообраќај. Последното ветување, во август лани, го даде градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски. Тој најави дека сообраќајницата кон Припор ќе биде завршена најдоцна до септември лани. Оттогаш поминаа речиси пет месеци, но крајот не се гледа. Причина е, очигледно, во нерешените имотно-правни работи кои не беа расчистени уште кога се почна со градбата во времето на скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Но, оттогаш до сега помина многу време, а тој проблем не е решен. До кога?