За пет часа казнети преку 190 пешаци за преминување улица надвор од пешачки

Во петчасовната полициска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават пешаците, на територијата на Македонија во текот на вчерашиот ден изречени се 198 мерки. Над 170 од нив се за пешаци кои не ја преминувале улицата на пешачки премин.

– Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 15.00 часот МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 198 пешаци од кои, 171 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, велат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестРусите се на чекор целосно да го освојат Бахмут
Следна вестМногу нарцисоидни мажи денеска ќе делат Нарциси на жените за 8-ми Март