За пет часа во Скопје казнети 33 возачи за непропуштање пешаци

Денеска на скопските сообраќајници санкционирани се 33 возачи коишто не ги почитувале обврските како возачи, соопшти МВР.

Во информацијата се наведува дека тие не ги пропуштале пешаците на пешачки премин.

-Денеска во периодот од 09.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 33 возачи, се наведува во информацијата.

МВРпродолжува со засилените акциски контроли.

-Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се наведува во соопштението.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Инцидентот во Битола е реакција на владејачкото распродавање на националните интереси
Следна вестКаде им е достоинството на македонските функционери?