За Путин американските санкции против Росњефт и Лукоил се притисок кој ќе биде залуден

14

По воведувањето на американските санкции против руските нафтени гиганти Росњефт и Лукоил се огласи и рускиот претседател Путин.

Тој санкции ги нарече „непријателски чин кој не придонесува за подобри руско-американски односи” и како „обид за притисок врз Русија” кој, според него, ќе биде залуден.

„Ниту една земја која се почитува самата себе не дејствува под притисок”, изјави Путин и му порача на Трамп дека би требало „да размисли за кого всушност работи неговата администрација”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестНов срам за Франција: ограбен уште еден музеј
Следна вестTрамп ги прекина сите трговски договори на САД со Канада