За седум часа казнети 89 моторџии во Скопје

Во зајакната контрола за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, изминатиот викенд полицијата во Скопје казнила 89 лица. Контролата ја направиле во сбаотата во периодот од 18 до 1 часот по полноќ

-Од нив, 46 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 25 возеле без возачка дозвола, пет возеле со измината важност на сообраќајната дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.

Претходна вестБез струја Службата за заeднички работи при Клинички Центар „Мајка Тереза“
Следна вестВерижен судир на четири возила кај Железничка