За слобода на тротоарите: Поставени 258 заштитни столбови низ Скопје

Во Скопје има луѓе кои се паркираат каде ќе посакаат. Со цел тоа да се сузбие, да се ослободат тротоарите, екипите на ЈП „Улици и патишта” Скопје по налог на Град Скопје, во текот на изминатиот период поставија заштитни столобви на неколку улици.

Така ќе се зголеми безбедноста на пешаците и ќе се спречи непрописно паркирање на возилата. Поставени се 258 заштитни столбови и тоа на крстосницата булевар Јане Сандански со улица Фрањо Клуз, булеварот Трета Македонска Бригада, улица Бутелска и на улица Љубљанска.

Екипите продолжуваат и во наредниот период со поставување на заштитните столбови на сите места каде што ќе има потреба од нивната фунцкија.

Заштитните столобови често се уништуваат, а на места и отстрануваат од страна на несовесни граѓани и ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот со цел да се одржи безбедноста да ја почитуваат поставената сообраќајна опрема и сигнализација на градските сообраќајници.

Претходна вестЧии деца ќе ги враќаат огромните кредити на СДСМ и ДУИ?
Следна вестОпозицијата бара вонредни избори, власта предлага промени на Изборниот законик