Заборавиле дека треба да полагаат за возачка дозвола

Недисциплината на возачите во Скопје е голема и нема тенденција да се намали. Тоа ептен загрижува.

При полагањето на возачките испити возачите не научија дека треба да се посовесни и дека треба да се почитуваат правилата? Прашањето е по малку и смешно, нели? Особено ако се види секојдневната прекршочна статистика на МВР во која стои дека многумина и немаат возачка дозвола, а се фатиле за воланот.

Таков пример е и од вчера: На територија на град Скопје полицијата изрекла 17 мерки за возење без возачка дозвола. Може само да си претпоставиме колкумина без дозвола успеале да не бидат лоцирани од МВР.

Оваа појава многу загрижува. МВР, но и други државни служби мора да најдат лек, оти последиците се дури и животозагрозувачки. На улиците не смее да има толку многу возачи кои немаат положено возачки испит.

Само незаинтересирани институции ова би го толерирале. А да не споменуваме дека околу возачките имаше и други проблеми: Лани, на пример, беше поднесена кривична пријава против вкупно 36 лица меѓу кои и осуммина вработени во МВР кои искористувајќи ја својата службена положба и овластување на 28 граѓани, спротивно на законските прописи, без да имаат положено возачки испит им издале возачки дозволи…

Зарем ќе дојде време во Скопје возачите без дозволи да се повеќе од оние со дозволи?

 

 

Претходна вестГенчовска го обвинува Петков дека предложил целосна ревизија на Рамковниот став
Следна вестСтоилковски: Нови 900.000 буџетски евра од Пановска за Пановски! Премногу е!