„Забрането смеење“ од Струмица на „Скопско лето“

„Забрането смеење“ од Миро Гавран е вечерва на репертоарот во рамките на „Скопско лето“, со почеток во 20 часот во Театар Комедија. Режисерската палка е во рацете на Игор Ивковиќ, а продукцијата на театарот „Антон Панов“ од Струмица.
Претставата ги исмејува бесмислените, лажни и себични споделувања емоции. На комичен начин зборува за хипокризијата во секојдневните односи меѓу луѓето, за лажните компромиси што се прават во бракот и за сексуалните фрустрации што произлегуваат од нив. Учествуваат актерите Стојан Велков, Јасмина Вучкова и Анкица Бенинова.