Зачудувачки, во оваа земја од ЕУ најмногу се крадат автомобили

Крадењето на автомобили е голем проблем во Европа. Поорганизираните држави се очекува поуспешно да се справуваат со тоа. Но…

Објавен е инфографик во повеќе медиуми кој прикажува во која земја во ЕУ се крадат најмногу автомобили. Објавените резултати биле направени врз основа на податоци од 2020 година. За многумина резултатите се помалку зачудувачки.

Па така, Шведска се наоѓа на врвот со украдени 207 автомобили на 100.000 жители. На второ место се наоѓа Италија со 169 украдени автомобили на 100.000 жители, па следува Холандија со 155 украдени автомобили на 100.000 жители.

На последно место на листата се наоѓа Данска со украдени 5 автомобили на 100.000 жители. Во Естонија, во 2020 година биле украдени 8 автомобили на 100.000 жители, а во Романија биле украдени 9 автомобили на 100.000 жители.

Од нашите соседи посочени се Бугарија и Хрватска. Во секоја од нив биле украдени 17 автомобили на 100.000 жители.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите механизми за да има предвремени избори на 14 или на 21 мај
Следна вестАпелацискиот суд со правосилна пресуда: Поранешниот битолски градоначалник Талевски осуден на 7 години затвор