Заеднички поморски вежби на Русија, Кина и Иран

Русија, Кина и Иран ќе одржат заеднички поморски вежби во Оманскиот залив од 15 до 19 март, соопшти кинеското Министерство за одбрана, пренесува РИА Новости.

– Во согласност со договорите меѓу вооружените сили на Русија, Кина, Иран и други земји, поморските сили на Кина, Иран, Русија и други земји ќе одржат заеднички поморски вежби „Поморски безбедносен појас-2023“ во Оманскиот залив од 15 до 19 март“, се наведува во пораката објавена на официјалната сметка на министерството на социјалната мрежа Вичет.

На крајот на февруари во Индискиот Океан се одржаа заеднички поморски маневри на Русија, Кина и Јужна Африка.

Претходна вестНа рафтовите стари цени, ќе има ли утре намалување?
Следна вест„Виновен сум“, призна возачот кој прегази 11-годишно девојче во Велес