Заев: Ќе ги внесеме во Уставот и Австријците, Романците, Бугарите, Торбешите… но пред влезот на Македонија во ЕУ

Менување на македонскиот Устав пред влезот на Македонија во ЕУ со кое тој ќе се надополни со припадници на повеќе помалубројни народи во земјава, најави денеска премиерот Зоран Заев.

– Пред влезот во ЕУ, мора да го отвориме Уставот. Една од причините се помалубројните заедници кои живеат тука и треба да се внесат. Тоа го направи Хрватска пред влезот. Имаме спремност, не само за Бугарите, туку и за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои и да ги имаме од помалубројните етнички заедници. Ние сме отворено општество, европска земја и ќе го следиме примерот на европските земји, посочи Заев.

Тој на ваков начин одговори на денешната прес-конференција на новинарското прашање за коментар на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи за можноста, ако биде побарано, и Бугарите да влезат во уставната Преамбула.

Во Преамбулата на Уставот се споменати „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите.

Инаку, во хрватскиот Устав е наведено дека „Република Хрватска е востановена како национална држава на хрватскиот народ и држава на припадници на национални малцинства: Срби, Чеси, Македонци…., односно, во Изворни основи на Уставот се наведени имиња на 22 национални малцинства.

Претходна вестПочинале 22 пациенти од вирусот, новозаразени се 872 лица
Следна вестСитно броиме до полициски час: Кој може слободно да се движи?