Заев: Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и другите не се главни осмислувачи на „27 април“

Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски, како и другите во судницата, не се организатори на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, изјави денеска премиерот Зоран Заев при сведочењето за настаните во македонскиот парламент пред три години. Тој смета дека лицата кои с еобвинети и на кои им се суди биле изманипулирани.

-Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и другите тука. Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. Како жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи, рече Заев.

Тој беше повикан како сведок на сведок на одбраната.

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, се обвинети во овој предмет, во кој се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Претходна вестПрегазена жена со автомобил во Чаир, починала во болница
Следна вестФудбалската репрезентација на Македонија без напредок на ФИФА ранг листата