Заев: Моите деца учат во Солун, во Грција ми велат дека сум добар човек

Одвреме на време експремиерот Зоран Заев ќе најде повод и место да го пофали Преспанскиот договор со кој на Македонија и се смени името и почнаа дополнителните проблеми и барања на други соседи. Најново такво настапување е при интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

-Денес, многу се радувам кога гледам семејства како меѓусебно комуницираат, се посетуваат, доаѓаат на пазарење, за медицинска нега, на пример на стоматолог. Ние доаѓаме на кафе, на храна, на шопинг, особено во Солун. Како политичар многу често сум во Грција, бидејќи моите деца учат во Солун и запознавам многу луѓе. Сите се толку љубезни, а има и такви кои велат „Господине Заев, јас сум против Преспанскиот, но вие сте добар човек. Затоа, ајде да работиме заедно“, истакнал Заев.

Тој вели дека е очигледна разликата во односите, а луѓето ги виделе придобивките од договорот.

-Нашите земји и порано имаа некаква економска соработка. Но, сега, после Преспа, се’ е отворено. Ние сме мал регион и ако работиме заедно, навистина ќе бидеме посилни“, посочил Заев.

Тој во интревјуто укажал дека некои  Како што ги нарекол „десничарски партии“ сè уште не го прифаќаат ново име, но сега тоа било во уставот и ќе го почитуваат.

Претходна вестКонечно Владата се осмели да му каже НЕ на Брисел, ама…
Следна вестМостот кај „Ист гејт“ останува затворен додека не се санираат штетите