Заев се предомисли, пак не сака да го види Мицкоски на лидерска средба

Премиерот Зоран Заев нема да ја свика лидерската средба (што самиот ка најави), а ја бараше лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Заев денеска оцени дека барањата на Мицкоски, на средбата да се разговара за потребата за широка влада, за бугарското вето и за состојбата со корона – кризата, биле „забегани“.

– Навистина со еден ваков апел јас не гледам причината за свикување на лидерска средба. Веројатно ќе ги барам другите алатки на информирање на јавноста, истакна Заев.

Тој рече дека претходно имал намера да свика лидерска средба за да ги објасни состојбите околу бугарското вето и кои се причините, но потоа се премислил откако видел за што Мицкоски сака да се разговара на лидерската средба.

-Подобро се справуваме со пандемијата од другите земји. Немаме намера да го понижиме честа и достоинството на здравствените работници на било каква лидерска средба заради тоа што само еден претседател на политички партии зборува со непријатни зборови за сите тие професионалци кои што работат во нашиот здравствен систем и се целосно посветени. Или, пак, за се што правиме не економски план да ги помогнеме работните места, сиромашните граѓани, граѓаните од ранливите категории и граѓаните и компаниите на кои им треба помош, рече Заев.

Претходна вестВладата ги прифати новите мерки, угостителските објекти ќе работат до 18 часот
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски нема кредибилитет, бараме средба со лидерите на партиите