Заев, Села и Гаши објавија договор за државјанствата, ама им фали согласност од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Премиерот Зоран Заев и лидерите на албанската опозициска коалиција на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, најавија дека до крајот на неделата очекуваат да се постигне конечниот текст на предлог-законот за државјанство поради кој албанската опозиција изминатиот период ја блокираше работата на Собранието.

Сите тројца оценија дека се на добар пат за постигнување конечен договор, а ова би требало да значи и одблокирање на Собранието.

Никој од нив не откри конкретни детали што ќе содржи конечниот текст на предлог-законот. Премиерот рече дека се најдени механизми и сега треба експертите да ги стават на хартија и да ги анализираат за да го процесираат и во законско решение. Тоа ќе биде процесирано или преку амандмани на постојниот предлог што е во Собрание или преку нов предлог-закон.

Единствен кој спомена бројки беше Заев Се работи за Околу 2 727 барања, од приближно 3 200 граѓани, од кои 1 500 кои не живеат тука. Имаме 850 граѓани т.н. фантоми, граѓани кои се родиле овде и никогаш не добиле државјанство. Дури некои имаат извод од матична книга на роден, но зеле државјанство“,

Села и Гаши, како што рече и Заев, сега ќе треба да ги информираат опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои со амандмани се спротивставија на постојниот предлог. Гаши веќе преку медиумите испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ– тие да ги повлечат амандманите, а Алијанса и Алтернатива ќе го одблокираат петтиот пакет на антикризни мерки.

Претходна вестЗаев за турата со мотори – му било ден за одмор, можел да прави што сака
Следна вестНови 49 пациенти со ковид примени во болниците во Скопје