Заев: Учебна година ќе почне од 1 октомври

Учебната година ќе започне на 1 октомври, соопшти денеска мандатарот за составот на новата влада Зоран Заев.

-Почетокот на школската година ќе биде на први октомври, ќе почне со селекција на дел од децата кои треба да ги описмените, онлајн наставата е концепт за сите. Следат и законски измени. Министерот Адеми изјави за 15 септември, но на први септември не почнува школската година. Заради здравствени протоколи почетокот ќе биде на први октомври, рече Заев.

Владата на денешната седница расправа за почетокот на новата учебна година и на неа ќе се разгледува и предлогот на Комисијата за заразни болести децата од 1 до 3 одделение да ја почнат учебната година со физичко присуство, а останатите онјалн. Се очекува и одлука како ќе изгледа училишниот ден и да се усвојат протоколите од Комисијата за децата кои ќе посетуваат настава со физичко присуство.

По барање на општините на седницата Владата ќе ја разгледува и опцијата во градовите каде има помал број на ученици и стабилна епидемиолошка состојба со Ковид-19 сите деца да тргнат на училиште. 

Претходна вестКазнети 439 лица за неносење заштитни маски
Следна вестНаум Петрески до колегите кои пак бараат државна помош: Носете се во мајчина сите вие таканаречени уметници и ѕвезди