Загина 60-годишник од виничко, со трактор излетал од патот

126

Шеесетгодишен маж од виничкото село Градец го загуби животот во сообраќајна несреќа во кој изгубил контрола над тракторот кој го управувал и излетал од патот. Починал на местото на несреќата.

– На 23.07.2024 во 06.55 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Цигански рид“ во Виница, В.М.(60) од с.Градец, виничко, додека управувал трактор „масеј фергусон“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.М., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Кочани телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестАнгелов: Во ЦУК и ДЗС има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што треба
Следна вестТошковски: Секој македонски граѓанин знае кој душмански ја крадел Македонија