Загина пешак на автопатот Скопје -Тетово

Пешак загина на автопатот Скопје-Тетово. Пешакот починал на лице место.

– На 07.05.2023 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје–Тетово, во атар на с.Арнакија, патничко моторно возило „фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(49) од с.Лабуништа, струшко, удрило во А.С.(31) од с.Јурумлери, скопско. Од здобиените повреди на местото починал пешакот А.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестМистериозното кинеско вселенско летало се врати на Земјата
Следна вестЗагрижувачка анкета: 37 проценти од децата во Македонија не се чувствуваат безбедно во училиште, 24 отсто се жртви на физичко насилство