Загина пешак во скопско Катланово, возачот излетал од патот

Пешак загина во Катланово, откако бил удрен од автомобил. Во сообраќајката настрадала и сопатничката во возилото која била полесно повредена.

– На втори март во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Петровец, скопско, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(61) од Скопје удрило во пешакот Д.В.(59) од с.Катланово, а потоа излегло од коловозот. На местото на несреќата починала Д.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото Д.Т.(58) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестЃоковиќ бара специјална дозвола за влез во САД за да игра на турнир
Следна вестКовачевски: Може да следува замрзнување на цените и на другите производи