Загина возач кој удри во патарина кај Куманово

Рано утринава, едно лице почина откако со автомобилот се забило во столб на наплатната рампа „Романовце“ на автопатот Скопје – Куманово. Причините за несреќата се уште не се познати.

– Денеска околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Возачот починал на самото место, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, се вели во соопштението на полицијата.

На местото на несреќата пристигнала и екипа на противпожарна единица Куманово која заедно со вработени од наплатната станица го гаселе пожарот.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото бил извршен од екипа на СВР Куманово.

Претходна вестУапсен крадец, полицијата го фатила додека ограбувал куќа
Следна вестПо изградените 1.300 километри автопатишта ќе се прават нови 110 километри