Заладување и обилни врнежи од понеделник

Нов влажен и постуден бран, обилни врнежи не очекуваат од понеделник. УХМР соопшти дека под влијание на нов влажен и постуден бран, ќе има врнежи од дожд кои попладне на повеќе места ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадратен. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Потоа, следните три дена, ќе преовладува студено и ветровито време со повремени локални врнежи, претежно во западните делови.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Претходна вестЖичницата од денес ќе работи еден час повеќе
Следна вестВторо издание на проектот „Добри гости“ во Тетово