Заобиколете ја денеска улицата „Даме Груев“

Избегнете денеска користење на улицата „Даме Груев“ ако не сакате долго на чекате во возилото. Сообраќајот на оваа скопска улица ќе се одвива со изменет режим бидејќи на неа ќе се снимаат кадри за филмот „Хомо“.
Од филмската екипа информираат дека сообраќајот ќе биде стопиран од 6 до 18 часот, а возилата ќе се пренасочуваат кон околните улици. Ќе има и повремени пропуштања по улицата која се наоѓа во самиот центар на градот.