Запалените возила на Бит-пазар се на скопјанец и двајца гостиварци

Две возила беа запалени утринава кај скопски Бит-пазар. Опожарените возила се во сопственост на гостиварец и на двајца скопјани, потврди МВР.

– Вчера во 3.11 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Цветан Димов во Скопје извувнал пожар во патничките возила „опел“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. С. (41) од Скопје, „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на О. С. (46) од Гостивар, „пежо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. М. (27) од Скопје, и „ауди“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. М. (26) од Скопје, соопштија од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Претходна вестВработените од ДИЦ бараат МОН да ги измени датумите за полагање на матурата
Следна вестМистериозното кинеско вселенско летало се врати на Земјата