Запаленo детско игралиште во Ченто, само еден месец откако беше направено

Запален е еден од реквизитите на новото детско игралиште лоцирано на улицата Сава Михајлов во Ченто. Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот Фејсбук профил, објави фотографии од запалено детско игралиште, поточно од запалените реквизити.

– Апелирам до родителите и младите за поголема грижа на она што општината го инвестира за урбанизација на просторот во Месните и Урбаните заедници. Изминатиот период сведоци сме на голем број девијантни однесувања во кои се уништува она што се гради! Општината не може да изгради толку, колку што несовесните граѓани можат да уништат!, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Новото детско игралиште лоцирано е на улицата Сава Михајлов во Ченто е вандализирано само еден месец откако беше направено.

Претходна вестЕден загинат и тројца повредени во сообраќајка на патот Охрид–Кичево
Следна вестРобот бил асистент на операција на колено на Клиниката за трауматологија