Темно Режим Светло Режим

Запалено возило на полициски началник

Утрово на паркинг на улицата „Ванчо Китанов“ било опожарено патничко возило „ауди 5“, чиј сопственик е началникот на СВР – Штип, Боби Гидиоски. Од полицијата потврдуваат дека во населбата Сењак изгорел автомобилот, а пожарот го пријавил граѓанин во 03.01 часот.

Во тек е увид, а истрагата треба да открие дали станува збор за намерно палење на возилото на началникот на СВР – Штип.

Претходниот Пост

Момче влегло во вода и не излегло, се трага по него во браната во близина на селото Дрвош

Следниот Пост

Двајца повредени при судар на автомобил и мотор во Скопје