Запленети околу 6.200 парчиња пиротехнички средства во Скопје

Како што наближува новогодишната ноќ полицијата се повеќе запленува пиротехнички средства. Само денеска биле запленети 6200 парчиња.

– Денеска (28.12.2022) на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија го привеле И.К. од с.Батинци, скопско. Тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и кај него биле пронајдени вкупно 4811 парчиња различни видови пиротехнички средства. И.К. бил приведен во полициска станица, а пиротехничките средства биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Исто така, на ул„192“ на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар заплениле 1358 парчиња различни видови пиротехнички средства.

 

Претходна вестМожно труење на студентите во Пелагонија, АХВ ја затвори кујната
Следна вестУтре без струја и вода делови од Општина Центар, Визбегово и село Никиштани