Започна церемонијата на крунисување на Чарлс Трети

Кралот на Обединетото Кралство Чарлс Трети штотуку ја напушти Бакингемската палата. Неговата поворка ја напушта палатата преку Централната порта и продолжува по Мол. Ќе помине низ Адмиралската арка и јужно од островот Крал Чарлс I. Во поворката учествуваат вкупно 200 луѓе и коњи.

Припадниците на британските вооружени сили маршираат низ Мол. Скај њуз пренесува дека војниците тренираат со недели за овој момент.

Британскиот премиер Риши Сунак и неколку поранешни премиери веќе пристигнаа во Вестминстерската опатија. Дејвид Камерон, Тони Блер, Гордон Браун и Џон Мејџор пристигнаа во исто време, непосредно пред Борис Џонсон и Лиз Трас.

Сопругата на американскиот претседател Џо Бајден пристигна на церемонијата во поворка со три автомобили. Џил Бајден беше придружувана од нејзината внука Финеган. Американскиот претседател не дојде. Тој рече дека со Чарлс ќе се сретнат во јули.

И низа светските лидери пристигнаа на церемонијата, а меѓу првите пристигна украинскиот премиер Денис Шмихал. Со него дојде и сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленска. Володимир Зеленски нема да биде на крунисувањето на Чарлс III.

Претходна вестСамостојниот синдикат на просветните работници на Србија најави протест за понеделник
Следна вестДете од Скопје дошло со пластичен пиштол во школо и го вперувал кон учениците