Темен режим Режим на светлина

Започна изградбата на првата училишна спортска сала во Припор, кажа Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес направи увид во градежните активности за изградба на првата училишна спортска сала во населбата Припор. Новата сала ќе биде сместена во дворот на ПОУ „Круме Кепески“, ќе се простира на 500 квадратни метри и според планот, се очекува да биде завршена во рок од две години.

Проектот е овозможен со поддршка од Владата на Република Македонија, по успешната апликација на Општина Кисела Вода на повикот за капитални проекти. Салата ќе овозможи современи услови за спорт и рекреација на учениците и младите од Припор, а дополнително ќе се изврши и целосно партерно уредување на училишниот двор.

Со изградбата на оваа спортска сала инвестираме во подобро образование, здрави навики и развој на младите генерации во Припор,“ истакна Ѓорѓиевски.

Во изминатите четири години, Општина Кисела Вода реализираше или започна изградба и реконструкција на повеќе училишни спортски сали, вклучувајќи ги Пинтија, „Невена Георгиева Дуња“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Партение Зографски“ и „Климент Охридски“. Во моментов се подготвува документација за нова сала во ООУ „Кузман Шапкарев“, а салата „Расадник“ се реконструира темелно во соработка со Министерството за спорт.

Проектите се дел од стратешката цел на општината за унапредување на спортската инфраструктура, образование и квалитетот на живот на младите во Кисела Вода.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Лишен од слобода бегалец од затворот во Струмица

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Следна објава

Мицкоски: Пожарите се целосно под контрола, сите параметри се во рамки на дозволеното