Започна Летната школа по македонски јазик во Охрид за децата на иселениците

Триесет и четири ученици, деца на иселеници учествуваат на Летната школа по македонски јазик што наредните седум дена ќе се одржува во Охрид. Учеснииците ги поздрави директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, посакувајќи им успешна и плодна работа со надеж дека убавото искуство ќе биде поттик следната година повторно да се вратат на Школата и да го учат мајчиниот јазик.

На Школата со времетраење од една недела, покрај учењето на мајчиниот јазик, децата ќе имаат можност да посетат значајни културно-историски знаменитости и низ игри, работилници и дружења да се запознаат со вредностите и обележјата на својата татковина, информира Агенцијата за иселеништво.

Годинава, како што соопшти Агенцијата, на Летната школа учествуваат ученици од Швајцарија, Хрватска, Србија, Шведска, Австралија, Словенија и Австрија.