Започна реконструкција на улицата „Козара“ во Капиштец

Започнаа работите на реконструкција на улица „Козара“ во скопската општина Центар. Реконструкцијата ќе го опфати потегот од улицата „Антон Панов“ па сѐ до улицата „Васил Ѓоргов“, бидејќи во овој реон улицата „Козара“ има потреба од обновување на асфалтот.

-На овој потег на улицата „Козара“ ќе биде поставен нов асфалт во должина од 1490 м2, и нови рабници со вкупна должина од 940 метри, односно по 470 метри од двете страни. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 23 шахти, истакна градоначалник Горан Герасимовски.

Општина Центар ја започна и реконструкцијата на улицата „Петар Поп Арсов“, а во следниот период ќе работи на улиците „Рајко Жинзифов“, „Адвокатска улица“ и пробивањето на улицата „Партизанска“.

Претходна вестГолем пожар кај Криволак, се бара помош од АРМ
Следна вестСончево и топло до 40 степени