Започнува чистењето на езерцата и каналите во Градскиот парк

Oд денеска почнуваат да се чистат езерцата и каналите во Градскиот парк, што ќе се одвива во неколку фази. Чистењето го спроведуваат екипи на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје.

– Согласно Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, отворените канали, езерца и канали во Градскиот парк, по налог на Град Скопје екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ започнуваат со активностите за комплетно чистење на каналите и езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк, кои не се чистени околу пет години. Подготвителните активности за чистење на езерцата веќе се во тек, а екипите од понеделник ќе ги отпочнат активностите за чистење кои ќе се одвиваат во неколку фази, информираат од ЈП „Улици и патишта“.

Во првата фаза се стопира дотокот на вода и се заловува и згрижува рибниот фонд во соодветни услови за чување се до негово повторно враќање.

Активностите за чистење на езерцата во Градскиот парк ќе се изведуваат и во наредниот период, а ЈП „Улици и патишта“-Скопје апелира до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.

Претходна вестИма ли некој на време да ги изгасне уличните светилки во Аеродром
Следна вест„Алкалоид“ одбележа 45 години од постоењето на светски познатиот бренд „Бекутан“