Започнува реконструкцијата на салата „Расадник“, ќе биде дом на РК Вардар

Спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода од денеска започнува да се реновира и за нејзина обвнова ќе бидат потрошени околу два милиони евра, најавија денеска министерот за спорт, Борко Ристовски, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски.

На прес-конференцијата одржана денеска беше потврдено и дека по реконструкцијата РК Вардар ќе се врати во „Расадник“ каде што играше долго време во минатото.

Според најавите рокот за целосно завршување на реконструкцијата е 20 месеци.

Во овој момент салата руинирана и подлого време нема спортски активности.

Претходна вестСообраќајка кај Ботун, две лица загинаа