Започнува со работа летното кино „Мирно лето“

Во петок, со почеток во 20 часот започнува со работа летното кино под отворено небо „Мирно лето“. Документарниот филм „Форте“ е првата проекција. Во следните денови ќе бидат прикажани и документарните филмови: „Денот на жената” на Долја Гавански и „Тоа е тинејџерски свет – вмрежени за секс, лаги и игри на моќ на Лин Глазиер.

Програмата на летното кино продолжува со традиционалната Недела на италијански филм со тема за емиграцијата, а од Кинотека информираат дека следуваат две вечери со проекции на филмови во рамките на летното издание на Скопје филм фестивал. На 26 мај ќе се одржи церемонијата на доделување на годишната награда на Кинотеката „Златен објектив”.

Годинешни добитници на „Златниот објектив” – награда на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија се режисерот Коле Манев и монтажерот Спасе Тасевски.

Претходна вестВо петок пристигнуваат 38.400 вакцини од „АстраЗенека“, доволни ли се за ревакцинацијата?
Следна вестЗошто ќе ни се градежни инспектори и ДУП-ови кога сите дивоградби стануваат питоми?