Заради гардеробата на водителките ли да гледам вести?

Еднаш ви пишав ваква згодовштина, ама еве сега ќе приповторам. Зашто? Па иста е ситуацијата на вестите у сите наши телевизии. Жена ми одамна ми се смее што гледам толку многу вести. Ми вели – што си запнал, шо си губеш времето и нервите, не гледаш ли дека скоро сите се исти. Некњи, ми го плесна пак истото у фаца. Абе јас знам дека вестаџиите у 90% од македонските телевизии се сумњиви и дека ми наликуваат едни на други, ама успеват да ме хипнотизират и не гледам дека сум насамарен.

Додуша, сега сум малку подосвестен, и еве да ви ја пренесам шемата на нашите ТВ уредници: се наоѓа и снима еден „експерт“ кој кажува дека не треба да се плашиме за нашата иднина штом сме пред вратите на НАТО, па потоа уште еден дека економијата ни тргнала, па два – три министра ќе пуштат по некоја чешма у употреба и потоа следи еден странец да ни каже дека сме биле многу умни што не сме мрдале кога ни го заклаа името. И потоа имаш вести од светот… и потоа спорт и готово – завршуваат вестите. Па зошто тогаш да седам со саати? Еден ден ќе си гледам Сител, друг ден Канал 5, трет ден Телма и како сите да сум ги гледам секој ден. Нема да знам само у што се облекла водителката на двете телевизии кои не ги гледам таа вечер.